Надлежните во обид да стават ред на Градскиот пазар

Координирана активност на Комуналните инспектори од Општина Кочани, полицијата и Територијалната противпожарна единица реализираа на Градскиот пазар во Кочани за воспоставување на ред на просторот каде се поставуваат тезгите за продажба на стока.

Противпожарно возило со ротација утрово помина по улицата „Гоце Делчев“ каде што денеска е поставен Градскиот пазар со една цел да се направи простор помеѓу тезгите за минување на возила на службите за итни интервенции.

По минатонеделната реакција на граѓани жители на улицата „Гоце Делчев“ дека просторот на улицата е целосно узурпиран од продавачите на стока и нема простор за разминување на луѓе, а не пак на возила, денеска во координирана акција се интервенираше во воспоставување на каков таков ред.

Полицијата и комуналните инспектори ги предупредуваа продавачите на стока дека неминовно е тезгите да се поставуваат на растојание и на тротоарот со цел доколку се случи потреба од интервенција непречно да може да се користи улицата.

За забележување на целата ситуација беше во момент кога вработено лице во кочанското комунално претпријатие се обидуваше да ги попречи службите во својата работа при што на висок тон негодуваше кон надлежните комунални инспектори и редари.

Сподели: