Над 30 – тина верници ќе скокаат по крстот во водите на Кочанска Река за Водици

Над 30-тина верници се пријавиле да скокаат по светиот крст во водите на Кочанска Река по повод христијанскиот  празникот Богојавление – Водици, информираат денеска од храмот „Св. Вмч Георгиј“ – Кочани.

На централната верска манифестација која е закажана за утре, 19 јанаури во 12 ч. на мостот кај Градскиот парк во Кочани, водите и чинот на осветување ќе го изврши Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужителство на свештеници од храмот „Св. Вмч Георгиј“ – Кочани.

Претходно, во кочанскиот црковен храм со почеток од 08 ч. ќе биде отслужена Светата Божествена литургија по што верниците ќе се упатат на литија кон Градскиот парк. Во храмот планирано е да се спровде и традиционалната лицитација на икони од страна на верниците.

За најсреќниот кој ќе го извади крстот од светите води на Кочанска Река предвидени се пригодни подароци од храмот „Св. Вмч Георгиј“ и Општина Кочани.

Пријавувањето трае и во текот на денешниот ден, а заинтересираните верници потрбно е да се пријават во кочанскиот црковен храм. Притоа треба да бидат полнолетни жители на градот Кочани, крстени во православната вера и да приложат потврда од матичен лекар за нивната здравствена состојба.

Од кочанскиот црковен храм апелираат до верниците кои ќе присуствувааат на верската манифестација во Градскиот парк да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид – 19.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: