Интернационалната недела на сестринството, се одбележува секоја година на 5 мај, како Меѓународен ден на акушерките, а на 12 мај Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари според роденденот на Флоренс Најтингеjл. Таа е родена во Фиренца, Италија на 12 мај 1820 година и сиот живот се борела за унапредување на медицинската професија и правата на жените.
Посебна е заслугата и благородна е улогата на овие здравствени професионалци во борбата против Ковид-19. Медицинските техничари и сестри се активната материја во двегодишната војна со вирусот и заедно со лекарите и помошниот персонал се носачите на здравствениот систем на Р. Македонија, од основната нега на пациентите, главен асистент на лекарот, првите во Итната медицинска помош, првите во сала, првите во интензивна, па се до изработка на клинички и епидемиолошки студии, анкети, проекти…се до активни борци во процесот на вакцинација и учесници во пандемијата која е на заминување…
Улогата на техничарот и сестрата, без разлика на степенот на образование, средно, виша, висока, специјализации е огромна а пред се, неопходна.Во време на социо-економска криза, здравствените работници се иницијалната каписла во државата, основниот урнек како функционира државата- за жал кај нас лошо, со ниски плати, со неплатени бенефицирани стажови по Итните медицински служби (за што се доказ и многуте тужби од институциите, болниците, здравствените домови…) Преведено на македонски од медицински, ако здравствените работници се сликата на државата, тогаш имаме половична држава…и со плати и со бројка!! Ако на 100 000 жители се потребни 700-1000 медицински техничари и сестри, Македонија има помалку од 48% од бројката на вработени која треба да ја има?! Европа-да, ама само на хартија и никакви реални имплементации.
Во иднина се повеќе и повеќе ќе фалат, ќе ги нема готовите кадри, оние остручени и готови школувани бидејќи се повеќе и повеќе ќе бараат исто како и лекарите спас по белиот свет.Овде ќе се намалува генералната бројка а мала амортизација ќе бидат оние кои на ,,брза лента” земаат средни школи и дипломи ,,под рака”.
Да, да, тие ќе не лечат и оние пред пензија. За платите нема да говорам во Меѓународната недела на техничари и сестри, ама нејсе, убаво е да се нотира како една од главните причини за буквално, бегањето на овие здравствени лица, претежно во европските држави.За да си ја извршуваат работата професионално во примарна здравствена заштита, секундарна, промоција на медицина, нега и третман со рехабилитација потребни се услови, обуки, семинари, ментори а најчесто кај нас нема ништо од тоа…да не се лажеме.
Да резимираме тогаш како се работи:
-со половичен број на ангажирани луѓе
-со несоодветни плати
-без ментори, обуки кои треба да се најредовна работа…за семинари да не сонуваме
-без соодветна опрема, возила…
И пред се, и после се…без Закон за регулирање на професијата!?
Честит празник, среќна недела на медицинарите и апел за борба за своите права.
Гоце Марков