Нападнал вработени во маркет во Кочани, не сакал да ги почитува мерките

Вработени во маркет во Кочани вербално и физички биле нападнати од кочанец кој што бил опоменат да ги почитува заштитните мерки.

Во текот на вчерашниот ден, во Полициската станица Кочани, вработена во маркет во Кочани пријавила дека околу 17.00 часот В.Ѓ.(33) од Кочани влегол во маркетот и, откако му било укажано дека треба да ги почитува мерките за заштита од корона вирус, почнал да упатува закани кон неа, а со дрвен предмет го нападнал нејзиниот колега В.С..

Од страна на полициски службеници В.Ѓ. бил лишен од слобода и по комплетирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели: