Нападната и ограбена 58 – годишна кочанчанка

Разбојник физички нападнал и ограбил 58 – годишна кочанчанка, при што и нанел тешки телесни повреди од кои завршила во болница.

Како што информираат од МВР, на 07.11.2020 во 08.53 часот било пријавено дека на 06.11.2020 околу 22.00 часот во Кочани едно лице физички ја нападнало З.Ш.(58) од Кочани и ѝ одзело чанта со пари и мобилен телефон. З.Ш. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Дневен билтен МВР

Сподели: