Нападнати полицајци на Градскиот пазар во Кочани

Полициски службеници од Полициската станица Кочани вчера биле нападнати од три лица во Градскиот пазар.

Како што информираат од МВР, на 12.11.2020 во 15.15 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Џ.Б.(31), С.А.(31) и Р.А.(44) од Кочани, затоа што околу 11.20 часот во градскиот пазар во Кочани физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени задачи.

Се работи на комплетирање на случаjот, по што против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Дневен билтен на СВР Штип

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial