Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Е.(18) и малолетник, двајцата од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 30.11.2019 во Виница, пријавените физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Извор: Деневен билтен МВР