Жители на улицата „Бел Камен“ во Белското маало во Кочани испратија реакција до интернет – порталот „Гласно“ дека повеќе од година и пол мака мачат со деформираниот асфлат пред нивните семејни домови, предизвикан од поставување на електричен кабел на ЕВН – Македонија.


Имено, поради ископ на канал за поставување на електричен кабел како што велат, од страна на фирма од Тетово ангажирана од ЕВН – Македонија, ископаната површина била покриена со тенок асфалтен слој што веднаш попуштил.

Жителите пријавиле во Подрачната единица на ЕВН Македонија во Кочани дека работата е извршена неквалитетно, асфалтот е пропаднат и деформиран и предизвикува проблеми при движењето и влегувањето во сопствените домови, но како што велат, оттаму немале слух за нивниот проблем.

Преку медиумите апелираат до Локалната самоуправа на Кочани преку своите служби да реагира до нарачателот и изведувачот на работите и асфалтот да се постави од ново, со поквалитетна изведба.
И. Матеничарски
Фото: A. Арсов