Направете го вистинскиот избор, запишете се во СОУ „Гошо Викентиев“

Направете го вистинскиот чекор. Изберете стручно образование. Запишете се во СОУ „Гошо Викентиев“. Електротехничка, машинска или сообраќајна струка.

Стекнете се со практични знаења во една од партнер компаниите кои нудат можност за ваше вработување на крајот од образованието. Стекнатите знаења се одлична основа и за високото образование на техничките факултети. Училиштето соработува со сите поголеми компании од Кочани, Виница, Чешиново Облешево, Македонска Каменица.

За прв пат дуални паралелки со посебен акцент на  практичната настава. За прв пат можност за стипендија од 3500 денари месечно за учениците во дуалните паралелки и за учениците во тригодишно образование.

Во периодот на уписите од 14 јуни до 17 јуни 2021, направете го вистинскиот избор и донесете ја најдобрата одлука запишете се во СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани.

Сподели: