Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев и министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска направија увид во градежнитеактивности на браната Речани, како дел од хидросистемот „Оризарска Река“.
– Браната Речани е еден од најзначајните објекти што се гради во нашиов крај.Оперативците нѐ информираа дека се работи на влезниот и излезниот предзасек натунелот, а идниот месец е најавен почетокот на неговата изградба. Тоа ќе биде опточентунел со темелен испуст од каде ќе се регулира водата за наводнување наземјоделските површини. Годишно ќе се собираат 22 милиони метри кубни вода штоќе задоволи повеќе од една третина од земјоделските површини во Кочанско – изјавиградоначалникот Илијев.
За потребите на ангажираните лица и механизацијата вклучена во изградбата натунелот веќе е подготвена мала „населба“ со решено водоснабдување и довод на струја.
– Оваа капитална инвестиција којашто ја започнавме во 2019 година, а спореддинамичкиот план треба да заврши во 2024 година ќе овозможи водоснабдување,стабилно наводнување на земјоделски површини во Кочанско Поле и производство наелектрична енергија преку изградба на две хидроцентрали. Тоа покажува дека нитуеден регион не е запоставен, капиталните инвестиции се во тек и чекор по чекор одимекон целта – истакна за медиумите Трајан Димковски, министер за земјоделство,шумарство и водостопанство.
Речани е камено-насипна брана со височина од 80 м, широка 10 м и во основата долгаблизу 280 м. Вкупната сума за изградбата на браната е проектирана на 1 милијарда и800 милиони денари, а досега 6 се реализирани 40 милиони денари.
Хидросистемот „Оризарска Река“ е голема и долгорочна инвестиција, мошне значајна за овој микрорегион на кој се очекува да му обезбеди поквалитетен и подинамичен економски развој.