На 02.02.2021 во 19.00 часот во полициската станица Кочани, 46 годишен маж од кочанско, пријавил дека од страна на лице кое се претставило како И.Т. од Гевгелија, бил доведен во заблуда дека доколку уплати 4.000 денари на сметка на К.Т., за возврат ќе му испрати по карго мобилен телефон. Откако пријавителот во банка ја уплатил наведената сума, по карго му бил испратен пакет, но наместо телефон имало предемет со две маски од телефон.
Се работи на расчистување на случајот.
Извор: Дневен билтен МВР