Наскоро почнува изградба и реконструкција на четири улици во Кочани

Наскоро ќе започнат градежните работи за изградба и реконструкција уште на четири улици во Кочани.

По заокружување на постапката за избор на изведувач, aсфалт ќе добијат улиците „529“ во Усова Чешма и „Димитрија Лазаров“ во Белското Маало. На „Димитрија Лазаров“ ќе се реконструира и нејзиниот приклучок, каде ќе се обнови асфалтот на површина од 105 квадратни метри.


Реконструкција им претстои и на улиците „Никола Вапцаров“ и „8 Септември“.
Градежните работи на „Никола Вапцаров“ ќе зафатат споеви со улиците „Кирил Ѕ’мбов“, „Тодосија Паунов“, како и тротоари од левата и десната страна на „Никола Вапцаров“. Асфалт ќе биде поставен на површина од 1 860 метри квадатни, а нови плочки на тротоарска површина од 2 840 метри квадратни. На улицата „8 Септември“ ќе биде реконструиран асфалт на 900 метри квадратни.

Изградбата и реконструкцијата на овие улици се реализира според Програмата за уредување на градежното земјиште за тековната година, со средства од Буџетот на Општина Кочани.

Сподели: