По првомајските празници се очекува Македонија полека да се враќа во нормала, преку подрастично намалување на полицискиот час.
Се очекува полека да се отвараат кафе баровите и рестораните, но само на отворено односно да работат нивните летни тераси, што е погодно со оглед дека доаѓаат повисоки темеператури.
Ќе останат на сила задолжителните препораки, а тоа е носење на маски во затворени места или места каде што нема да може да се обезбеди растојание од 2 метри меѓу граѓаните.
Интересно што е и кафе баровите и рестораните ќе мора да ги почитуваат мерките, а тоа е масите да ги поставуваат на одредено растојание, но и да го ограничат бројот на лица кои може да седнат на една маса.
Доколку бројката на новозаразени се намалува, дополнително ќе бидат направени олабавувања на други рестриктивни мерки.