Нафтата поскапува за 10 денари, бензинот за 5,5 соопшти Регулаторна

Нафтата поскапе за 10 денари, бензинот за 5,5 денари.

Доцна попладнево Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Според новата цена, дизелот од вечерва на полноќ ќе се продава за 10 денари поскапо. Новата цена ќе изнесува 85,5 денари, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство 83,5 денари.

Цената на бензинот се зголемува за 5,5 денари или евро супер 95 ќе се продава за 89,5 денари, а евро супер 98 за 91,5 денари.

Новата цена на мазутот е 54,3 денари, што е покачување за околу 5 денари.

Сподели: