Свештенството на храмот „Св. Вмч. Георгиј“ Кочани ги известува сите верници дека по повод големиот христијански празник Бадник, в понеделик 06.01.2020 година по завршувањето на Светата Литургија во периодот од 09:30- 10:00 часот ќе се оддржи „Бадникова поворка“. На неа ќе учествуваат сите пријавени дечиња кои изминатиов период се спремаа заедно со свештенослужителите на храмот „Св. Вмч. Георгиј“.
Поворката ќе тргне од храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во правец на крстосницата во Стришани и ќе продолжи по ул. „Стево Теодосиевски“ до кружниот тек, а оттаму по улиците „Тодосија Паунов“ и „Кеј на револуцијата“ до Градскиот плоштад, за оттаму преку улицата „Маршал Тито“ кај местото викано „Триаголник“ да се приклучат на улицата „Димитар Влахов“ од кадешто ќе се вратат во храмот.
Од храмот „Св. Вмч. Георгиј“ ги повикуваат сите верници да излезат на улиците во Кочани и да ги поздрават младите бадникарчиња, кои со песна ќе известат за радосната вест на Христовото рожденство.
И.Матеничарски