Најава: Граѓанска крводарителска акција во Црвен крст Кочани

В четврток, 27-ми август во просториите на Црвен крст Кочани ќе се спроведе крводарителска акција наменета за граѓанството.

Крводарителите ќе може да даруваат крв во периодот од 08:30 до 14:00ч.

Од Црвен крст Кочани ги покануваат сите сегашни и идни крводарители да земат учество на граѓанската акција.

Факти за крводарувањето:

– Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
– Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
– Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
– Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
– Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
– Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
– На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
– Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципација.

Сподели: