Најава: Изложба на графики – „Времето раскажува“ на Симон Илиев

На 16.11.2020 година (понеделник) со почеток од 12 часот, во Центарот за култура ќе се одржи првата самостојна изложба на графики насловена „Времето раскажува“, автор на овие графики е м-р Симон Илиев од Кочани.

Симон Илиев, e дипломиран и магистриран студент на Националната Ликовна Академија во Софија, Бугарија, на отсек Графика.

Ова е прво самостојно изложување во галериките простории на НУЦК “Бели мугри” – Кочани, воедно и прва самостојна изложба на авторот м-р Симон Илиев во својот роден град.

На изложбата ќе бидат изложени 18 графики во техниките литографија, алграфија, сува игла, акватинта и бакропис изработени за време на студиите и по завршувањето.

Темите на делата се инспирирани од различни моменти и доживувања. Акцентот на изложбата ќе биде на изложените дела од трудот за дипломската и магистерска работа, кои претставуваат циклус од по 5 графики направени во период од 2015 до 2018 година.

Графиките направени за дипломскиот труд се на тема “Времето зборува”- 5 графики со димензии 35х50, во техниката литографија. Уметникот го претстава одминувањето на времето, кое остава траги и спомени за коишто зборува само одминатото време и од магистерскиот труд е на тема “Спомени” – 5 графики со димензии 35х56 во техниката алграфија.

Оваа изложба е наменета за повеќе цели, да се едуцира публиката за значајноста на овој вид уметност, претставување на уметникот и неговите дела пред публиката од неговиот град и во други градови во неговата држава, претставување на техниките литографија и алграфија кои не се толку познати на нашата публика, исто така изложбата е предвидено да биде продажна и процент од продажбата да бидат донирани за хуманитарни цели.

Проектот е во годишната програма на НУЦК “Бели мугри” – Кочани финансиран од Министерство за култура на Република Северна Македонија.

*Бројот на посетители е ограничен

  • Задолжително носење маски
  • Задолжителна дезинфекција при влез
  • Задолжително мерење температура на влез
    ВЕ МОЛИМЕ ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МЕРКИТЕ Н ПР3ЕПАЗЛИВОСТ !!!

НУЦК „Бели мугри“ Кочани

Сподели: