На 25.11.2020 година (среда) со почеток од 16:00 часот, во Центарот за култура „Бело мугри“ ќе се отвори самостојната изложба – видео инсталација насловена „Конструктивна мемориска свест“, од авторката Викторија Митева од Кочани.
“Конструктивна мемориска свест” – е прва самостојна изложба на Викторија Митева. Митева дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2020 година, со насока сликарство, под менторство на проф. М-р Слободанка Стевческа и модул- конзервација и реставрација. Средното образование го завршува во уметничкото училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски” во Скопје, во 2016 година. Учесник е на повеќе групни изложби во Кочани, Скопје, Њујорк, ликовни работилници и ликовни колонии во Република Северна Македонија.
Со наградата која ја доделува Факултетот за ликвони уметности, насловена „Четирите мајстори на модернизмот”, во 2021 година во Галерија ФЛУ ја подготвува својата самостојна изложба.
На овој настан ќе биде изложена видео-инсталација, 5 фотографии и 3 меки скулптури изработени од текстилни материјали како кепер, свила, тул и свилен конец.
Проектот е во годишната програма на НУЦК „Бели мугри“ – Кочани, финансиран од Министерство за култура на Република Северна Македонија.
НУЦК „Бели мугри“ – Кочани