Најава: Самостојна изложба „Круг“ на Иван Шапков

На 07.12.2020 година (понеделник) со почеток во 17:00 часот, во Центарот за култура „Бели мугри“ ќе се одржи изложбeна поставка на објекти насловена ,, Kруг ‘’, која се состои од тела, објекти, изработени од авторот Иван Шапков од Кочани.

,,Круг “ престставува проект кој се состои од објекти кои заземаат простор и навлегуваат во скулптуралниот израз и излегувањето на рамките на сликата, влегувајќи во тродимензионалноста на физичкиот простор.


Идејата на овој концепт е да го прикаже бесконечното циркулирање на копнеењето и тежнеењето на уметникот кон творештвото и создавањето, како еден непрекинлив круг и обратниот процес на восприемање на сатисфакционото од истото. Низ целосниот тој процес на живеење, гледање и апсорбирање , размислување за сеопштото околу нас, таа неодолива желба за обновувањето на светот и ожививањето на секоја мисла, идеја, замисла и слика во самите нас.

Иван Шапков Роден на 12.04.1988 г. во Кочани, Р.С.Македонија. Завршува средно училиште за применети уметности „Лазар Личеноски“ – Скопје, отсек графика, генерација 2003-2007. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел графика, насока графички дизајн, во класата на проф. Зоран Јакимовски. Неговите уметнички интереси досега вклучуваат учество на бројни уметнички колонии, групни изложби, франкофонија, инсталации, илустрации, сценографија за тетарска и филмска уметност и други проекти од областа на уметноста, како во Македонија така и во странство. Дел е од уметничкиот колектив КУЛА, со кој има реализирано многу изложби, музички перформанси, проекти, работилници, филмски проекции, документаристики од областа на културата и уметноста за воздигање и допринос на алтернативната уметничка сцена во државата. Оваа му е втора самостојна изложба.

Проектот е во годишната програма на НУЦК ,, Бели мугри ‘’ – Koчани, финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

НУЦК „Бели мугри“ – Кочани

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial