Најава: Самостојна изложба – „Икигаи“ на Блашка Миева

На 18.11.2020 година (среда) со почеток од 12 часот, во Центарот за култура “Бели мугри” ќе се отвори самостојната изложба на слики насловена „Икигаи“, автор на овие дела е Блашка Миева од Скопје. Проектот е во годишната програма на НУЦК “Бели мугри” – Кочани ,финансиран од Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Автор на изложбата е Блашка Миева , насловена “Икигаи“ изложба на дела работени во акварелна техника, но не на хартија, туку на платно. Имено, се работи за 20 дела кои се истражување на две ликовни техники, акварелната и акрилната техника.

Блажка Миева е родена 1986 во Скопје. Во 2009 година дипломира на отсек сликарство со конзервација и реставрација на Факлутетот за ликовни уметности во Скопје. Активно учествува на симпозиуми, работилници, ликовни колонии во земјата и странство, повеќе групни и самостојни изложби во и надвор од државата. Ова е нејзино прво излагање во НУЦК Бели мугри Кочани.

Награди:

  • Награда за најдобро дипломиран студент за 2008/2009 год. на
    Факултетот за ликовни уметности во Скопје при универзитетот
    Св.”Кирил и Методиј”
  • 2016 – Награда за најдобро лого за Националната кампања

“Информирај се сега”.

-Бројот на посетители е ограничен
-Задолжително носење маски
-Задолжителна дезинфекција при влез
-Задолжително мерење температура на влез
ВЕ МОЛИМЕ ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МЕРКИТЕ НA ПР3ЕПАЗЛИВОСТ !!!

НУЦК „Бели мугри“ – Кочани

Сподели: