Младинската организација „Авангарда“ при СОУ „Гошо Викентиев“ во соработка со Здружението на граѓани „Green“ в недела (23.02) со почеток од 17:00 во Спортската сала во Кочани организира хуманитарен кошаркарски натпревар за помош на Славица Димитрова.
На натпреварот силите ќе ги измерат талентирани локални кошаркари од градот, а на паузите планирани се и музички точки за публиката.
Влезот чини 50,00 денари. Собраните средства ќе бидат донирани на Славица Димитрова која боледува од ретко генетско заболување на очите, за кое и е потребен третман со матични клетки во Русија.
Бидете хумани !
И.Матениачрски
