Во Центарот за култура „Бели мугри“ в петок 6-ти март со почеток од 20:00 ч ќе се одигра театарската претставата ЈЗУ „Европа“, комедија во режија на Кристина Атанасова Арсова, работена по мотиви од текст на Мирољуб Недовиќ.
Актерската екипа ја сочинуваат Елена Шорова Дербов, Миле Вратеовски и Владимир Тулиев.
Картите можат да се набават по цена од 100 денари од билетарницата на Центарот за култура, почнувајки од утре 03.03.2020 (вторник).
И.Матеничарски