Најава: Jулска крводарителска акција во Црвен крст Кочани

Почитувани сегашни и идни крводарители,

Општинската организација на Црвен крст Кочани Ве поканува да земете учество на крводарителската акцијата која се одржува секој последен четврток во месецот во просториите на Општинската организација на Црвен крст Кочани, овој месец на ден 30.07.2020 (четврток) со почеток од: 08:30 до 14:00 часот.

Ве очекуваме,
Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј ЖИВОТ.

Црвен крст на РМ, општинска организација Кочани

Факти за крводарувањето:

– Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
– Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
– Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
– Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
– Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
– Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
– На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
– Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципација.

Црвен крст Кочани

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial