Од денес во употреба е ставен пунктот за дезинфекција на возила, изграден на западниот влез на градот, во непосредна близина на поранешните објекти на „Кочанско Поле“.
Сите возила што влегуваат во Кочани од правецот на Штип, ќе треба да поминат низ дезинфекциската бариера, за да влезат во градот. Содветно на ова, поставена е и сообраќајна сигнализација која ги насочува возачите кон пунктот.
Ова е една од мерките на Општинскиот кризен штаб како превенција од болеста КОВИД-19.
И.Матеничарски