На завршен настан во СОУ „Љупчо Сантов“ презентирани постигнатите резултати од проекти на Еразмус + програмата

На завршен настан во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани на кој беа презентирани резултатите од проекти на Еразмус + програмата  беше означен крајот на две проектни активности чиј учесник беше кочанската  гимназија.

Станува збор за проектите„ Осум струни за нашите лакови“ и „Ние сме попаметни од технологијата“ реализирани во партнерска соработка сопартнери од  Р. Турција, Португалија,Италија, Англија, Романија и Словачка.

-Активностите кои се реализираа во рамки на проектот „Осум струни за нашите лакови“ беа за мулти-пла интелигенција кај човекот,претставени и реализирани преку идеи на учениците.  Последната мобилнот од проектот се реализираше онлајн поради состојбата со Ковид-19, преку виртуелен приказ на градот Балиќешир, Турција. Целта на овој проект е рамзмена на искуства, запознавање нови градови, култури, историски знаменитости и традиции, а сето тоа прикажано преку човековата интелигенција во пет нивоа, математичка, лингвистичка, просторна, боди-кинетика и музичка интелигенција, рече Јована Петрова ученичка ви СОУ „Љупчо Сантов “ и учесничка во проектот.

Основната цел на проектот е да се поттикнат учениците да ја сфатат важноста за личен развој преку развивање на способности кои би биле најсоодветни за нив. Одржани се два трнансационални состаноци на проектните партнери и три обуки на наставниот кадар и учениците, кои овозможија размена на искуства а секако и создавање на нови пријателства. Две мобилности беа одржани онлајн поради пандемијата.
Во проектните активности учествуваа 6 професори и 19 ученици од „Љупчо Сантов“ кои имаа прилика да соработуваат со свои колеги од други земји и да научат иновативни начини на настава.

На настанот од страна на учениците и професорите од гимназијата беа презентирани искуства од досегашните активности реализирани во проектот, а во соработка со други училишта од Европската Унија, како еден модерен начин за подигање на интересот на учениците и надградба на вештините на наставниците преку примена на нови методи во наставата.

Во рамки на проектот „ Ние сме попаметни од технологијата“ учениците и наставниците преку низа активности во изминатиов период учениците преку користење на иновативни алатки учеа за сајбер криминал и заштита, работеа на изработка на мулти-јазичен лексикон, учествуваа во онлајн-квизови и изработка виртуелен албум со слики од спорски активности како и промоција на семејната заедница и иновативни начини за  користење на модерната технологија во и надвор од училиштето.

Проектите беа финансирани од програмата за мобилност Еразмус + на Европската Унија, реализирани под менторство на професорките Весна Кушевска и Весна Ефремова од СОУ „Љупчо Сантов“.

И. Матеничарски

Сподели: