На завршен настан презентирани резултатите од проектот АР ЕДУ – „Проширена реалност“ на Еразмус + програмата

На завшен настан во Кочани денеска беа  презентирани резултатите од Еразмус + проектот, АР ЕДУ – „Проширена реалност“  кој во изминативе две години се спроведуваше во средни училишта од Македонија, Хрватска и Бугарија.

Проектот „Проширена реалност“ всушност им овозможи на ученците преку иновативен софтвер да стекнат знаења по предметите, математика, физика, хемија, биологија, географија и информатика и да се запознаат со културните знаменитости на градовите Кочани, Лудберг, Р.Хрватска и Пазариџик, Р.Бугарија.

Во рамки на проектот учениците употребуваа апликација за мобилен телефон и преку откривање на локациите и давање на одговори на прашањата од училишните предмети кои софтверот ги генерира по случаен избор добиваа  поени. Преку иновативниот притап наставата се пренесуваше надвор од границите на училницата и претставува иновативно учење на интересен начин, во кој се комбинираат наставните содржини и најновата технологија.

-Во проктот се вклучени училишта од три партнери, Људберг од Р. Хрватска, Пазарџик од Р. Бугарија и СОУ „Љупчо Сантов“. Со проектот „Проширена реалност“ овозможивме учениците да работат на вистински предизвици, односно пронаоѓање на решенија, во кој беа вклучени повеќе научни дисциплини, хемија, математика, физика, географија, историја и информатика. Тие се движеа на претходно непознати зададени електорнски локации на коишто ги откриваа локациите, одговараа на зададените прашања, учеа и меѓусебно се натпреваруваа и се запознаваа со градовите Лудберг, Пазарџик и Кочани. Работеа тимски во мешани тимови и одговараа на прашањата. Со секој точен одговор добиваа бодови и на тој начин беа рангирани најдобрите, истакна Игор Христов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.

Тимови од ученици од СОУ „Љупчо Сантов“, како и од проектните партнери – средни училишта учествуваа на транснационалниот натпревар кој истовремено се одржуваше во трите држави. Натпреварот се одржа во четири последователни викенди и членовите на најдобриот тим од секоја држава денеска учествуваа на завршниот настан во Кочани.

Фото: A. Арсов

Сподели: