На завршна прес-конференција презентирани постигнатите резултати од проектот за реконструкција на Мултикултурниот центар во Кочани

Со завршна прес-конференција на која беа презентирани  постигнатите резултати од проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“, денеска во Кочани беше означен крајот на двегодиншниот проект, преку кој целосно е реконстуриран Мултикултурниот центар во Кочани.

На завршниот настан во присуство на претставници и проектни партнери од Центарот за развој на Источниот плански регион и општините Кочани и  Гоце Делчев, Р. Бугарија беа презентирани постигнатите резултати од проектот реализиран преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

-Реконструкцијата на Мултикултурниот центар е од големо значење за граѓаните на општина Кочани. Реконструираниот објект нуди огромни поволности за граѓаните. Се надевам објектот ќе ја добие вистинската функција и ќе биде од корист на граѓаните, невладиниот и младински сектор.  Позитивното искуство од проектот нѐ охрабрува да размислуваме на нови, заеднички проекти коишто понатаму ќе пробаме со нашите партнери од Р. Бугарија да ги реализираме. Ја користам приликата да искажам благодарност за соработката со Општина Гоце Делчев и Источниот плански регион -истакна Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани

Целта на проектот е   зајакнување на туристичкиот потенцијал во регионот, преку иницијативи за соработка и подобро зачувување и одржливо искористување на природното и културното наследство во двете држави.

Проектот е  финиансиран со средства на Европската Унија во висина од 565 илјади евра, со кои целосно е реконструиран Мултикултурниот центар во Кочани, а во завршна фаза е и реконструкцијата на Туристичкиот центар Попови Ливади во Бугарија.

И. Матеничарски

Сподели: