На Пониква се реализираше Младинската ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ 2022

НУЦК „Бели Мугри“ во периодот од 15 – 18 август го реализираше 8. издание на Младинската ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ 2022 година.

Годинава ликовната колонија се спроведе на Пониква каде младите уметници твореа на слободна тема инспирирани од природните  убавини кои ги нудат Осоговските Планини.

– На колонијата беа изработени 18 дела, односно во текот на четирите дена секој од младите уметници изработи по две уметнички дела. На колонијата учествуваа млади уметници на возраст од 15 – до 18 години од Кочани, Кавадарци, Ново Село, Оризари и Велес. Тие твореа на слободна тема инспирирани од опкружувањето – истакна  м- р Александра Димитрова стручен соработник за визуелни уметности од НУЦК „Бели мугри“ –Кочани.

Младинската ликовна колонија „Св Пантелејмон“ се реализира од 2012 година. Поради интересот и прекрасното искуство на организаторите и на самите учесници на оваа ликовна колонија, истата во континуитет продожи да се реализира до ден денес.

„Како искуство од веќе реализираните претходни години оваа ликовната колонија е од голем и важен карактер за изградба на еден млад ликовен творец, според тоа очекуваните цели до сега покажаа голем ефект и очекуваме дека со оваа ликовна колонија ќе ги прошириме уметностите и пријателсвата помеѓу идните ликовни автори преку самата дружба и работа“ – истакнаа организаторите.

Младинската ликовна колонија е дел од годишната програма за работа на националната установа под покровителство на Министерството за култура. Делата од колонијата ќе бидат достапни за јавноста на изложба што ќе се реализира во првата половина на месец септември.

Сподели: