На 4-ти октомври на патеката кон „Пониква“ ќе се возат двете финални трки, во склоп на Државното првенство во автомобилизам на Македонија.
На ридско-брзинската патеката долга 5,9км ќе настапат околу 25 натпреварувачи во три различни категории. Трките се закажани за в недела ( 4-ти октомври) со почеток од 12:00 и 14:00ч, додека ден претходно, во истиот термин ќе се возат тренинг сесиите.
Стартот е планиран да биде од Градската депонија со крајна цел кај месноста „Пашаџиково“.
На ридско-брзинската трка на патеката „Пониква“ учество ќе земе и Дејан Манасиев од Кочани, кој со своето Renault Clio ќе се натпреварува во категоријата Е1 до 2000 кубни сантиметри.
Трката е во организација на клубовите „Про Спорт“ и АКК„Перформанс“-Скопје, со поддршка на Автомобилистичката федерација на Македонија.
За време на трките патниот правец кон СРЦ Пониква ќе биде затворен за сообраќај.
И.Матеничарски