На последниот контролен натпревар ГФК „Осогово “ поразен од „Брегалница“ на „Никола Мантов“

На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, штипска Брегалница го победи Осогово со 0-2 (0-1), на последниот контролен натпревар на два клуба членови на ВМФЛ-Исток. 

Првиот гол беше постигнат во 42 миута од пенал. Ристе Наумов биеше од пет метри од голот на Осогово, а еден фудбалер на домашната екипа на самата гол линија играше со рака. Голот од пенал го постигна младиот Мартин Стојанов.

Со уште еден гол во 78. минута уште помладиот Љупче Кудев ја запечати победата над Осогово. Штипјани имаа успешен тест пред стартот пред новата сезона. В сабота во првото коло, Брегалница гостува на САСА во Македонска Каменица.

Успешна генерална имаше и Охрид, кој попладнево го совлада Кораб со 2-0 (1-0). Стрелци на головите за екипата на Бочевски беа Шериф Реџепи и Наум Вељаноски. Тиквеш триумфираше против Саса со 1-0 со голот на Симеон Христов во 50. минута, а екипите на Кожуф и Кит Го одиграа натпревар без победник (1-1).

Сподели: