Во организација на Боречката федерација на Македонија и техничка организација на БК Спартак – Кочани в сабота, 1 февруари во спортската сала „Сашо Лазаров-Чапо“ ќе се одржи Државното првенство во борење слободен стил и борење за жени борачки/ки У23 – 2025 година.
Право на настап имаат борачи родени 2002 година и помлади, регистрирани за 2025 година. Право на настап имаат и борачи родени од 2003 до 2006 година, како и борачи родени 2007 година со специјален лекарски преглед не постар од 6 месец и одоберение од родител.
Борачите ќе се натпреваруваат во 10 тежински категории за мажи и истот толкав број на категории за жени.
Натпреварите започнуваат од 11:30 ч.