На 1 август – Пријателски меч ГФК „Осогово“ – ФК „Каменица Саса“

ГФК „Осогово“ – Кочани ги продолжува подготовките пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.

На 1 август (четврток) е закажан контролен пријателски меч со екипата на ФК „Каменица Саса“ на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани со почеток од 17:30 ч.

Ова е трет контролен натпревар на „Осогово“, откако претходната седмица ја совладаа екипата на штипска „Брегалница“ со резултат од 3:1.

Сподели: