На 1 декември – Изложба на карикатури од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира „In Vinica Veritas”

В петок, на 1 декември 2023 година во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани, во Салон фоаје 1, со почеток во 12:30 ча., ќе биде отворена изложбата на дела „Карикатури“ од Меѓународниот фестивал за хумор и сатира „In Vinica Veritas”.

Традиционалната манифестација Меѓународен фестивал за хумор и сатира „In Vinica Veritas” годинава слави 15 години постоење годинава, а се одржа во периодот од 18 – 21 октомври 2023 год. Покрај разноликата програма секоја година се реализира и конкурсот за карикатури и на истата учествуваа 224 автори од 46 држави со 622 карикатури.

Наградените карикатуристи:

1.Fernando Pica- Colombia
2.Qiang Lio- Cina
3.Juan Gabriel Benavides-Spain

Изложба ќе биде поставена до 07 декември. Влезот е слободен.

Сподели: