На 1 јули 2020 година – второ авиотретирање против комарци

В среда, на 1 јули 2020 г. во периодот меѓу 5 и 8 часот наутро, стручни екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово ќе ја спроведат втората фаза од авионското прскање против комарци во Кочанско.

Авиотретирањето ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарците – широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.

Со авиотретирањето ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и низинските села што припаѓаат на територијата на Општина Кочани.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден.
Превентивната систематска дезинсекција на територијата на

Општина Кочани се презема согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, како општа противепидемиска мерка.

Сподели: