На 1 јуни  „Искра“ го одбележува Меѓународниот ден на детето

Под мотото „Подобра иднина за секое дете“ ЈОУБ „Искра“ – подрачна библиотека Оризари ќе го одбележи 1 јуни Меѓународниот ден на детето.

Настанот е закажан за утре, среда, 1 јуни со почеток од 13 ч. во „Искра“ во Кочани.

Стручно излагање на настанот ќе имаат Александра Соколова – психолог, Иле Матеничарски – врснички едукатор од Црвен крст Кочани, како и учениците од гимназијата „Љупчо Сантов“,  Никола Малешевски, Љупка Јорданова и Ивона Тодорова под менторство на професорот Александар Михајлов.

Сподели: