На 10 октомври – Промоција на сликовницата „Непослушната Свиленка“ од Ана Дедова

По повод Светската недела на детето ЈОУ Библиотека „Искра“, в четврток, 10 октомври, 2024 год. во 11 часот, во големата сала на Мултикултурниот центар ќе ја реализира промоцијата на сликовницата „Непослушната Свиленка“, од роднокрајната авторка Ана Дедова.

Промотор на сликовницата ќе биде м-р Доне Донев, модератор Ивана Николова и заедно со Јован Цветанов ќе не водат низ настанот, драматизација на делото ќе одиграат ученици од 4 одд, од ООУ „Никола Карев“ – Кочани, под менторство на нивната наставничка Анкица Манасијева, сето тоа збогатено со музичка нумера во изведба на ученици на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани.

ЈОУБ „Искра“-Кочани 

Сподели: