На 12 февруари промоција на книгата „Приказна за Мачорот Ал “

На 12.02 ( среда ) со почеток од 11:30 во Центарот за култура „Бели мугри“ ќе се одржи промоција на книгата „Приказна за Мачорот Ал “ од Трајче Кацаров.

Кратка содржина на книгаата за деца „Приказна за мачорот Ал“
Мачорот Ал е стар и изнемоштен, а покрај тоа и мрзелив. Затоа бара работа лесна ,но богато да го храни. Кралската круна и кралскиот престол ги наоѓа како идеална прилика за реализација на неговата идеја.

Мрзата, гладот и болната амбиција го спобудалуваат, па на вистинскиот свет гледа од свој агол. Поаѓајќи од девизата дека секој може да биде крал ако има кралство се прогласува за крал на кралството на седумте канти во улицата „Бистра боза“.

Кантите се заборавени и од оние што фрлаат смет и од оние што ги празнат, па оставени на себе издупчени и празни ја отежнуваат положбата во која се наоѓа гладниот и луд самонаречен крал мачороот АЛ.
Во приказната на алегоричен начин, преку мачорот, гладните мачки, кучињата и глувците се исмејуваат човечките особини како што се: лакомоста, алчноста, мрзеливоста и желбата за влалст.
Вака прикажаната содржина на прикказната ја прави читлива и достапна и за возрасната публика.

Издавач на книгата „Приказната за мачорот АЛ“ е Издавачката куќа „Просветно дело“ од Скопје

Влезот е слободен.

Сподели: