В понеделник, 13 јуни НУЦК „Бели Мугри“ ќе биде домаќин на концерт на Македонскиот брас квинтет и изложба на дела од Ликовното студио и ателје при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ -Делчево под менторство на Љубомир Белогаски.
Со почеток од 17 ч. на Западната тераса на Националната установа составот Македонски брас квинтет ќе одржи концерт на камерна музика. Македонскиот Брас Квинтет е состав оформен во 2017 та година како иницијатива за музицирање во најпознатиот формат за камерна музика за лимените инструменти.
Во составот членуваат:
Aлександар Златески – прва труба, Антонио Костевски – хорна, Димче Белчовски – тромбон и Александар Ниниќ – туба.
Во својата кратка, но богата историја, составот бележи повеќе настапи, од кои позначајни се : концертите во Њу Јорк во 2018та и 2019та година, концертот во Истанбул во 2021ва, серијата концерти во Берово (Музеј на Берово), Кочани (НУЦК „Бели Мугри“) и Скопје (Мала Сала на Филхармонија), Штип, Неготино, Куманово итн.

Репертоарот на Македонскиот Брас Квинтет се движе низ различни музички жанрови, од самба до филмска музика и од традиционална македонска народна музика до џез. Покрај концертите, квинтетот остварува и едукативни дружења, со цел запознавање и доближување на лимените инструменти до публиката.
Од 19:30 ч во Фоајето 2 на Центарот за култура ќе биде отворена изложбата на дела Ликовното студио и ателје при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ -Делчево под менторство на Љубомир Белогаски.
