На 13 јуни – Хуманитарна изведба на монодрамата „Да се убие себе во себе“ од професорот Доне Донев

Во  НУЦК „Бели мугри“ – Кочани, в петок, 13 јуни 2025 г. со почеток од 20 ч. хуманитарно ќе биде изведена монодрамата „Да се убие себе во себе“ на пензионираниот професор, М-р. Доне Донев, посветена на првиот претседател на Република Македонија Методија Андонов – Ченто.

Изведбата ќе биде педесето издание на монодрамата пред публиката, приходот од собраните средства ќе биде дониран за најзагрозените од кочанската трагедија. Влезниците се по цена од 200  денари и може да се купат на билетарницата во националната установа.

Претставата „Да се убие себе во себе“ премиерно беше изведена во  2012 година во Кочани.

И. Матеничарски

Сподели: