На 14 април – Трета Rotary run трка по улиците низ Кочани

Ротари клубот Кочани-Виница ги привршува подготовките за треттата урбана трка „Rotary Run“, што следната недела, на 14 април од 11 ч. ќе се одржи по улиците во Кочани.

Како и изминатите две години, така и годинава натпреварувачите ќе трчаат на патеки со должина од 5 и 10 километри во индивидуална и 2.5 километри во семејна конкуренција. Заинтересираните граѓани може да се пријават електронски на официјалната веб-страница https://rotaryclubkocanivinica.org/nastani/rotary-run-2024/.

Учесниците плаќаат котизација од 600 денари индивидуално, односно 1000 денари за семејно учество. Во сумата е вклучен освежителен пијалок, благодарница за донација и медал по завршување на трката. Освен тоа, може да се уплати и финансиска поддршка во висина од 600 денари, без обврска да се учествува во трката.

Целта на трката е да се промовира здрав начин на живот, зачувување на животната средина и избегнување на користење на моторни возила и да им се даде поттик на младата популација дека може да се живее на здрав начин.

Собраните средства од трката ќе бидат донирани за хуманитарни цели.

Сподели: