На 14 јануари – Василичарски оган кај параклисот „Св. Димитриј“ во Трајаново Трло

Црковниот одбор на Црквата – параклис „ Св. Димитриј“ во населбата Трајаново Трло ги повикува сите верници да земат учество во одбележувањето на празникот Св. Василиј (Василица).

– Почитувани верници, на ден 14.01.2023 год. (сабота) на празникот Св. Василиј (Василица) организираме палење на Василичарски оган во близина на Параклис „Св.Димитриј“ во Трајаново Трло -Кочани. Ќе се дели и лепче со паричка и поради тоа ве покануваме кој милува и може да присуствува на овој чин со надеж дека ќе прерасне во традиција која ќе ја негуваме долги години ние и нашите потомци. сооопштија од Црковен одбор на Параклисот „Св. Вмч..Димитриј“.

Сподели: