По повод една година од формирањето на Доброволно противпожарно друштво – Кочани, в сабота на 17 септември преку дванаесетчасовен настан ДПД – Кочани ќе ја одбележи годишнината од почетокот со работа на кочанското доброволно друштво.
На настанот кој ќе се одржи во кругот на Територијалната противпожарна единица – Кочани е предвидено пред јавноста да се презентира новото противпожарно возило на ДПД – Кочани, опремата како и изведување на тактичко – показна вежба пред присутните.
- Настанот се организира по повод една година од формирањето на Доброволното противпожарно друштво – Кочани. Целта е да и овозможиме на јавноста одблиску да се запознае со нашето работење и опрема која ја поседуваме. Нашиот слоган за првиот роденден е „Граѓаните за ДПД, ДПД за граѓаните“. Добредојдени се сите граѓани на нашиот прв роденден. Настанот започнува во 15:30 во кругот на ТППЕ –Кочани, истакна Златко Илијев, претседател на ДПД – Кочани.
В сабота официјално ќе биде пуштен во употреба и реновираниот објект на ДПД – Кочани во кругот на кочанската пожарна, а официјалното отварање на настанот ќе бидат доделени сертификати на членовите на ДПД – Кочани и отчет за сработеното во изминатито едногодишен период.
Уметничкиот дел на настанот ќе биде доверен на локални уметници како и ученици од ООМУ „Ристо Јуруков“, ДГ „Павлина Велјанова“ и ПДГ „Амичи“.