В вторник на 17.12. 2019 година во Салон фоаје 1 на НУЦК „Бели мугри“ Кочани ќе биде отворена изложба на дела од 7-та Младинска Ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ што се реализираше во периодот од 30 октомври до 1 ноември оваа година.
На тридневната колонија учествуваа 10 учесници од Кратово, Ново село – Струмица и Кочани со свои ментори. За време на колонијата тие работеа во акрилна техника на платна и секој учесник изработи по едно дело.
Учесниците беа предводени и организирани од ментор м- р Александра Димитрова стручен соработник за визуелни уметности од НУЦК “Бели мугри”-Кочани, каде преку разговори и сугестии се надоградуваа и реализираа преку сликање и творење.
Изложбата ќе биде можност за промоција на делата кои младите уметници ги изработија за време на Ликовната колонија.