На 17 мај – Средношколски кошаркарски натпревар помеѓу учениците и професорите од „Љупчо Сантов“

Традиционално неколку години наназад, учениците и професорите од СОУ „Љупчо Сантов“ пред крајот на учебната година организираат средношколски кошаркарски натпревар од хуманитаре карактер.

Дуелот на кој учениците и професорите ќе ги пресметаат силите е закажан за во вторник, 17 мај, со почеток од 19:30 во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“.

– Ајде во вторник на 17 мај,  сите во салата на дерби. Учениците и професорите од СОУ„ Љупчо Сантов“ ќе ги пресметуваат кошаркарските сили, а на натпреварот е предвидено да се додадат и останати содржини за публиката, како борење на рака за публиката. Присутните ќе уживаат во музичките таленти на Кочани и танцувачки групи. Паричните средства ќе бидат доделени хумунитарно. Бидете хумани и проследете ја битката помеѓу младите и ветераните – истакнаа од организаторите на натпреварот.

Организаторите додадоа дека на настанот ќе бидат доделени и ваучери за патување од агенцијата „Рапсоди“ Травел.

Сподели: