На 17 мај – Трка на келнери „За хероите што ја оставија душата меѓу масите“ во Кочани

Во организација на Кафе барот „Какао Либре“, на 17 мај во Кочани ќе се одржи Трка на келнери „За хероите што ја оставија душата меѓу масите“.

Стартот на трката е планиран со почеток од  17 ч. со старт од Кафе барот „Какако Либре“.  Маршутата поминува покрај локалот „Паце Гарден“, преку Трговскиот центар, пред кафулињата, потоа преку мостот кај Шопинг центарот со цел во Градскиот парк во Кочани. Патеката е долга 800 метри.

-Котизацијата за учество е 3000 денари од секој угостител што ќе се пријави да се натпреварува. Целиот износ ќе биде дониран за настраданите во дискотеката „Пулс“. Ова е повеќе од трка – ова е гест  на чест, почит и хуманост кон нашите починати колеги, соопштија организаторите.

Пријавување на 078/459-622.

Сподели: