Во Салон 2 на Националната установа- Центар за култура “Бели мугри” – Кочани на 18.02.2020 година (вторник ) со почеток од 19:00 часот ќе биде свечено отворена изложбата на првата ликовна колонија “Св. Ѓорѓи” c. Блатец , Општина Виница.
Во периодот од 26 ти до 30ти август 2019 год.во околината на манастирот “Св.Ѓорѓи “во Блатец,Виница се одржа првата ликовна колонија “Св. Ѓорѓи” . Живописниот предел околу манастирот за прв пат лоцираше 12 уметници ,овде во хармонија со природата да се инспирираат и создат дела за првата колекција од првата ликовна колонија “Св.Ѓорѓи”.
Ликовната изложба плени со својот колорит и разнообразие бидејќи е претставена преку призмата на 12 уметници ,кои создадоа 26 уметнички дела од уметниците . Станува збор за следниве ликовни автори – Миливој Симеонов, Дејан Спасов, Катица Алексова, Гордана Вренцоска,Александра Димитрова, Дарко Богданов, Весна Ничевска, Срџан Миќиќ, Виктор Јаневски, , Драгана Павловска, Ангела Трајанова, Слаџана Гаврилова и како млад гостин -Нина Савева.
Влезот е слободен.
