Ве покануваме на зимска планинарска тура на Осоговските Планини, која се одржува по вторпат во наша организација. Турата е во честна празникот Водици или Богојавление и симболично поминува
преку Бела Река, која извира под падините на Царев Врв .
Патека:
Предвидената патека за реализација на Небојани Зимската Тура
почнува од Бела Река и води до манастирот „Мала Богородица“ во
с. Небојани и пак се враќа на почетокот во Бела Река. Организација:
Почетокот на настанот е всушност, крајот на асфалтниот пат, кој води од месноста Крушка кон Бела Река. Таму ќе ги оставиме
автомобилите и се упатуваме преку мостот на Бела Река кон маалото Пустако. Овде се причекуваме со мала пауза и се упатуваме преку местото наречено Кацарица и Средната Маала, кон Праиште односно горенаведениот манастир и некогашното училиште во с. Небојани. Овде е предвиден ручек во мензата на манастирот „Мала Богородица„. После ручекот се упатуваме надолу кон Бела Река, каде што се оставени автомобилите на учесниците.
Патеката минува низ шумски терен, во најголем дел по широк пат, во должина од околу 13 километри и е средно тешка. Мапа од патеката со детални податоци, дополнително ќе бидат објавени во
GPX.
Потребна опрема и услови:
Психофизичка подготвеност е потребна за наведеното пешачење во
зимски планинарски услови, како и удобен ранец, високи зимски и
КПС Осоговски Орел Кочани
добро разгазени планинарски чевли, гамашни, зимска топла облека, која заштитува од ветер, снег и дожд, зимски ракавици и капа, очила
или маска за заштита од сонце, планинарски стапчиња и прибор за
јадење.
Датум за одржување на овој настан е предвиден во сабота на
18.01.2025 година.
Поаѓањето е во 9 часот. Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на
организаторот и водичите, а во спротивно сам ќе ги сноси последиците.
Наведените планинарски акции се организирани иbдвижењето ќе се одвива во група предводена од организаторот и
водичите.
Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува
наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема
за предвидената планинарска акција.
Организаторот и водичите го
задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови
и останати технички препреки. Лице за
Контакт :
Претседател Гоце Тошев – 078 450 727
Секретар Тосе Атанасов – 075 326 016
КПС Осоговски Орел Кочани