На 2 април – Ретроспективна изложба на ликовниот уметник Владимир Георгиевски

Националната установа -Центар за култура “Бели мугри -Кочани во соработка со Музеј на град Скопје, организира
Ретроспективната изложба на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници Владимир Георгиевски, со поставени 20-тина дела од неговиот богат творечки опус .

Изложбата се реализира во соработка со Музеј на Град Скопје, преку мрежата „МузеумЛинк”, чија што цел е да им овозможи на што поголем број љубители на уметноста надвор од главниот град да се запознаат со опусот на уметникот.

Автор и координатор на мрежата „МузеумЛинк” е Јасминка Намичева-кустос советник од Музеј на град Скопје. Делата за оваа поставка на изложбата се во сопственост на Фросина Георгиевска, ќерката на професорот Георгиевски, која заедно со Намичева го направија и конечниот избор на дела.

Овој проект е дел од годишната програма на НУЦК Бели мугри -Кочани со финансиска поддршка од министерството за култура на Р.С.Македонија

Проектот е насловен преземање на изложби за 2024 години во визуелни уметности – галериска дејност.

Сподели: