Националната установа – Центар за култура „Бели Мугри”- Кочани Ве поканува да ја проследите изложбата на учениците од Училиштето за цртање и сликање насловена „АРХИТЕКТУРА“.
Изложбата ќе биде отворена на 02 декември, 2022 год, со почеток од 19 ч. во Салон „Фоаје 1“ на Центарот за кулутра.
– Изложба на тема “Архитектура” на учениците од училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри”-Кочани под менторство на М-р Александра Димитрова. Оваа изложба е организирана по повод една деценија постоење, работа и активности на училиштето. Изминатите три месеци талентираните ученици создадоа лепеза од прекрасни и успешни цртежи на тема архитектура. Низ годините учениците кои генерациски се менуваа и напредуваа, а дел од нив веќе професионално се реализираат во ликовната уметност. А, тоа е голем доказ за успешноста работа на училиштето – додадоа од „Бели Мугри“.
