На 2 октомври, среда со почеток од 19:30 ч. во НУЦК „Бели мугри“ во Кочани ќе биде отворена самостојната патувачка изложба на м-р. Александра Димитрова, „Нова димензија во создавањето 2“.
На изложбата ќе бидат изложени дела на академската сликарка Димитрова. Прокетот – изложба е насловена патувачка бидејќи истата ќе биде поставена и во други градови низ Македонија и пошироко.
Проектот е финансиран од Министерството за култура на Р. Македонија и Општина Кочани со поддршка од НУЦК “Бели мугри” – Кочани.
И. Матеничарски